Skip to main content

Навиките тешко се менуваат

Откога ЈП Охридски Комуналец ги дислоцира контенјерите од на Туристичка, граѓаните не вложуваат дополнителен напор да ги побараат. Ѓубрето го оставаат на старото место иако тука нема сад за отпад.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kontejner
контејнер

Контејнерите скриени, ѓубрето на улица. По акцијата на ЈП Комуналец за дислокација на контејнерите од „Булевар Туристичка„ по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека, граѓаните отпадот почнаа да го фрлаат каде ќе стигнат.

Тие велат дека не се доволно информирани каде се преместени контејнерите па се затекнати кога со ѓубрето в раце не ќе ги најдат на нивното старо место и затоа отпадот го оставаат на несоодветно место.

По нашата обиколка на неколку локации каде се наоѓаа овие садови за отпад видовме дека сега истите се поставени на некои места кои навистина не им се пред очи на граѓаните. На пример контејнерите кои се наоѓаа на Булевар Туристичка во близина на продавницата Суна, сега се поставени на паркингот позади зградите. ѓубре

Сега хигиената на најпрометната сообраќајница буквално е оставена на совеста на граѓаните. Колку тие ќе бидат расположени да одвојат време во потрага по контенјерите останува да видиме. За да им ја олеснат потрагата од Охридски Комуналец им го ставаат на располагање дежурниот телефон во Р.Е.Механизација 046/265-353 на кој ќе можат да се јават и детално да се информираат за новата локација на контејнерите.

Со цел да дознаеме дали моменталното решение ѓе биде и трајно, ја побаравме директорката на ЈП Охридски Комуналец, Елена Скрческа, но не успеавме да стапиме во контакт бидејќи била на службено патување.

{loadposition content9}