Skip to main content

Хаос во образованието

Образованието никако да влезе во колосек. Продолжува мистеријата наречена договор за вработување без објавување на оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Образованието никако да влезе во колосек. Продолжува мистеријата наречена договор за вработување без објавување на оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години.
Охрид ги евидентира првите негативни реакции на вработените во образованието, засегнати од спогодбата на претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски и Министерот за образование Никола Тодоровски.

Dojcin Cvetanoski„Вработените во образованието во два наврати се изманипулирани“- вели Драган Цветкоски претседателот на општинскиот синдикат на Охрид. Тоа пред се е од два аспекти додава тој, како од спогодбата за продолжување на договорите на вработените во образованието од определено на неопределено работно време, така и од последниот писмен допис до сите претседатели на регионалните одбори на СОНК. Цветаноски обвина дека спогодбата е формално замачкување очи на членството додека работите стојат сосема поинаку.

До нашата редакција стигнаа повеќе дописи на оваа тема. Во нив стои дека и правниците се збунети и се прашуваат како е можно спогодбите да се над законот. Според нив продолжување на договор за вработување без објавување оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години е мистерија. Во дописот исто така стои дека сосема е нејасно како може претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски и министерот за образование да ветуваат нешто што не постои, кое правно е неизводливо и неиздржано. Продолжување на договор не е предвидено со ниедна правна норма а тоа им било познато и на претседателот на СОНК и на министерот за образование.

Сите обвинувања како од ССМ така и од одредени лица се инструирани од нам добро познати извори рече претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски. Тој ги отфрли сите обвинувања и рече дека законите и правните норми треба добро да се простудираат а не да се настапува со непознатици, спогодбата на локално ниво е согласно законските норми додава Цветаноски. Во Охрид има само еден таков случај во ОУ Св. Климент Охридски и тој се надмина, нема потреба од димензионирање на случајот и подгравање на состојбата конкретно во овој дел.

{loadposition content9}