Харитина Сакова од Охрид најдобар дипломец на Машински сега е постдипломец на вселенско инженерство во Милано
Харитина Сакова од Охрид, која беше примена на летна пракса во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија, учествуваше во конструкцијата на првиот македонски болид на меѓународен натпревар во Хрватска, соработуваше со Техничкиот факултет во Брно, Чешка, дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во рекордно време со просек 10. Таа беше прогласена за најдобар дипломец на Факултетот за академската 2023/2024 година од страна на УКИМ.

Вели дека високиот успех го постигна со континуирано учење.
-Вистината е дека лично мене ми е потребна максимална заинтересираност и љубопитност за одредена тема за да успеам континуирано да учам и да се вложувам. Предметите на Машински факултет се базирани на решавање проблеми со целосно разбирање за тоа како функционираат нештата и тоа ми беше доста интересен предизвик во текот на моето студирање. Мило што се пронајдов во оваа област и одвај чекам да продолжам да се развивам како инженер во секој нејзин сектор -вели Сакова.
Целото интервју со Харитина Сакова можете да го прочитате ОВДЕ.