Во рамки на програмата на Вевчанско Лето 2025, на 4 август во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, беше прикажана премиерата на документарниот филм посветен на Споменикот на природа Вевчански Извори – „Хармонија помеѓу човекот и природата“. Овој филм на инспиративен начин ја раскажува длабоката поврзаност меѓу вевчанската заедница и природата, преку лични сведоштва, научни согледувања и живописни кадри од заштитеното подрачје.

Општина Вевчани изразува голема благодарност за вложениот труд и искрена посветеност на сите инволвирани, а додели плакета за Еко-свест како симбол на искрена благодарност и континуирана соработка во насока на заштита и промоција на природното богатство на Вевчани.

Горди сме што Вевчанските Извори остануваат симбол на хармонијата меѓу човекот и природата – вредност што заедно ја негуваме и ја пренесуваме на идните генерации, велат од Општина Вевчани.
Линк до филмот: https://shorturl.at/GlHdM