Skip to main content

Хассп на хартија

Инспекторите при контрола констатирале дека со Хассп се покриени сите производствени капацитети.

 |  Валентина Неловска  | 
Skara
скара

restoranИнспекторите од дирекцијата за храна во Охрид и Струга, при контрола констатирале дека со Хассп се покриени сите производствени капацитети. Од угостителските објекти 70 проценти поседуваат документи, но само 30 проценти од нив се со валидна документација.
Поголемите трговски објекти вовеле  добра хигиенска пракса, а помалите дуќани засега не се исконтролирани. Инспекторите при контролите откриле низа злоупотреби направени од страна на некои имплементатори на Хассп стандардите.
На инспекторите им се врзани рацете. При контролата на објектите има сопственици кои поседуваат документација за Хассп во  која стандардите се испочитувани само на хартија. Реалната состојба во објектите е сосема поинаква. Некои имплементатори на Хассп стандардите ја злоупотребиле недоволната информираност на сопствениците и заработиле на нивната неукост продавајќи им само документација за која немаат склучено  договор, а нема  нити печат. Оваа ситуација е посебно карактеристична за Струга, нагласуваат инспекторите. Предупредуваат, сопствениците на објектите добро да  внимаваат  како им се имплементираат стандардите.
Невоведувањето, пак, на Хассп стандардите повлекува санкции, во вид на високи парични казни за правните и физичките лица и затварање  на објектите.   
Од први јануари стартуваше, во неколку наврати одложуваното, имплементирање на Хассп стандардите.
Тие се законска обврска на угостителските објекти, производствените капацитети на храна како и на трговијата, а се според Законот за безбедност на храна и Правилникот за санитарно- хигиенски услови за производство на храна.



{loadposition content9}