Skip to main content

Кој треба да ги подигне хаварисани бродови од каналот Студенчишта

Каналот Студенчишта отпад за хаварисани бродови. Од охридската Капетанија информираат дека тие
немаат правна основа да ги отстрануваат руинираните бродови. Од локалната пак велат дека капетанијата или езерската полиција треба да побараат од ЈП „Комуналец“ да ги отстрани ваквите руинирани пловни објекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kanal
канал

Каналот Студенчишта наместо туристичка атракција  станува отпад за хаварисани бродови, се загадува и има се помалку риба.

Рибарите и сопствениците на пловните објекти кои се згрижени во каналот Студенчиште велат дека тој е многу запуштен и запоставен. Додават дека ниту државата ниту локалната водат сметка за него.руинирани бродови

Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредуваат рибарите. Тие додаваат дека на овој канал дневно имало и по 300 спортски риболовци кои ловеле риба, а сега се бројат на рака.  Вниманието на шетачите покрај каналот најмногу го привлекува потонатиот бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран тука, а не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот, а никој ништо не превзема. Од охридската Капетанија информираат дека тие немаат правна основа да ги отстрануваат руинираните бродови.

Водите се на РМ, а ние како капетанија го регулираме движењето на вода, а не  сме задолжени за подигањето на руинираните објекти. Тоа треба да го направи Локалната, а зависи од добрата волја на сопствениците, вели капетанот Горан Устијаноски.kajce

Од Локалната пак велат дека капетанијата или езерската полиција треба да побараат од ЈП „Комуналец“ да ги отстрани ваквите руинирани пловни објекти. После тоа „Комуналец“ изготвува налог по што се пристапува кон отстранување на пловилото и се врши негово депонирање за што се наплаќа лежарина. Ако се знае сопственикот на пловниот објект тој треба да ги подмири сите трошоци, доколку пак не се знае сопственикот, а охридската капетанија побарала да се отстрани пловилото тогаш таа треба да ги покрие трошоците, децидни се од Локалната.

И додека топката се префрла од едната на другата страна каналот Студенчишта го губи своето значење. Само да потсетиме дека покрај за стационирање на пловните објекти каналот е многу значаен бидејќи тука со  илјадници години, како дел од Студенчишкото блато, се мрестеле и презимувале разни видови риба која ако не се превземе ништо за брзо време може да ја снема, предупредуваат рибарите.

{loadposition content9}