28 јули светски ден за борба против хепатитис
Во просек годишно во Македонија со заразна жолтица од тип Б и Ц се регистрираат околку 250 пацинти.
Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис, 28 јули, кој е и главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, преку низа активности се одбележува и во Охрид. Заслужни за кампањата која ја подигнува свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест се НВО ХЕПТА, Опција Охрид, Црвен Крст Охрид и Инфективното одд. при ЈЗУ Општа болница Охрид. Според статистиката на ова одделение во Охрид бројот на заразени лица со овој вирис не е голем, но тие стравуваат дека броката на заболени е многу поголема, но дека ове лица се кријат.
„250 во просек регистрираме со заразна жолтица тип Б, а тип Ц. Во 2011 год. До ценаторот за јавно задравје се пријавени два случаи на хепатот Ц и еден случај на хепатот Б. А годинава досега се пријавани само три случаи на хепатот Б. Сметам дека оваа бројка е многу мала според бројот на пријавните и неодговара на реалната состојба, затоа што многу од матичните лекари ги пријавуваат како хепатитис вироза и многу од пацинтите дијагностиката ја поставуваат во други центри, поточно избегнуваат тоа да биде во Охрид и немам повратна инфомација за тие пацинти“, вели епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
„Во Македонија не смеема да си дозволиме и да кажеме дека одредено лице е заболено со вирусен хепатитис, а при тоа да не кажеме за кој тип станува збор, затоа што постојат седум видови од овој вирис“, вели проф.Розалинда Исијановска – НВО Хепта Скопје . Таа додава дека според статистиката на центарот за јавно здрвје, годишно околу 250 лица во просек се регистрираат дека се заразени со заразна жолтица тип Б, а тип Ц се движи од 80 до 100 лица, но ова според професорката се нереални бројки бидејќи често кај нас недостасува дијагностика која всушност е и најважна карика за да може да се постави еден пацинет на терапија. Професорката Исијанова денеска пред новинарите кажа дека во Македонија за заболените од овој вирус има една добра и една лоша вест. Таа откри дека од глобалниот фонд, Р Македонија доби големи количини финансиски средства за снабдување на терапија, која ќе им биде достапна на пацинтите. Дознаваме дека оваа терапија пред се ќе биде насочена кон корисниците на интравенозни опијати, не затоа што тие најчесто заболуваат од заразната жолтица, туку поради нивното ризично однесување.
„Но негативноста е тоа што за да поставиме некого на терапија треба да имате дијагностика. Во веќе три до четири месеци дијагностата кај нас во Македонија е недостапна. Имено работата во Македонската наука и академија во Македонија е стопирана односто лабаратористики испитувања ПИСИЕРОТ кој го врши квалитативното испитување“, вели проф.Розалинда Исијановска од НВО Хепта Скопје.
Инфективното одделение едно од ретките во земјава кое по завршувањето со дијагнистичката процедура во Скопје, веднаш ги прима пацинтите и ги приклучува на третман.
„Сето ова не би било возможно доколку во Охрид немаме терапија, односно во Охрид инфективното одделение веќе неколку години успешно ги третира пацинтите со хепатитис Ц од 2005 год. Од кога пагасусот го имаме на нашето одделение околку 38 пациенти се истретирани успешно од оваа болест“, вели Царе Рувинова, НВО ОПЦИЈА Охрид.
Деновиве во Охрид се спроведуваат низа активности и едукации на гостите и охриѓани за хепатитисот. Дел од овие обуки ги споведуваат и волонтерите на Црвен крст Охрид.
„Во текот на наредните четири дена волонтерите од клубот на млади на црвен крст Охрид ќе излезат на терен. По повод на одржувањето на светскиот ден за борбата со хепатитисот Ц ќе делат информативни матријали и ќе разговараат со луѓето со цел да ја информираа пошироката јавност“, вели Илија Поп Стефанов, ОО на Црвен Крст.
Инаку утре во склоп на активностите кои се однесуваат за одбележување на светскиот ден за борба против хепатитис во инфективното одделение при ЈЗО Општа болница Охрид ќе се спроведат бесплатни тестирања за хапатитис Ц. Годинава кампањата се одбележува под мотото “Ова е хепатитис… Запознај се. Спротивстави се. Тестирај се. Поблиску е одколку што мислите ,, Ова мото е само надополнување на основното мото на кампањата “Дали сум јас бројот 12 ?” (1 во 12 лица од светската популација е хронично инфицирана со ХЦВ или ХБВ). Мал број од луѓето знаат дека: приближно 520 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ, оваа бројка е за околу 13 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА, ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно, и дека помалку од 1/3 од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ, како и дека Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.
{loadpozition content9}