Skip to main content

Примена на современите ИК Технологии во работата на Хидробиолошки институт

Хидробиолошки Институт и УИНТ „Св. Апостол Павле„ потпишаа меморандум за соработка

Соработката помеѓу двете установи е во насока на унапредување на работата, ангажирање во заднички наставно научни, но и проектни активности. Активното учество на студентите во реализицијата на заедничките проекти со Хидробиолошкиот институт е неминовно, вели Устијана Речкоска Шикоска, проректорка на Универзитетот Св.Апостол Павле Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Меморандум Хидробиолошки и УИНТ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу двете реномирани установи Јавната Научна Установа Хидробиолошки Институт од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле. Соработката ќе биде можност знаењата и практиките на современите информатичко-комуниакциски технологии со кои располага Универзитетот, да бидат ставени на располагање на потребите на Хидробиолошкиот Институт.

„Целиот тим на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид како академскиот кадар, така и административниот, е подготвен да одговори на овој предизвик, на одличната соработка, која се надевам и уверена сум ќе биде нешто добро и одлично. Некои проектни активности веќе се одвивале, но планираме и во иднидна да продолжат во насока на исчитување на квалитетот на водите во Охридското Езеро, преку примена на современите ИКТехнологии, бежичните сензорски мрежи и современи оригинални алгоритми кои се наша креација, како би потпомогнале на потребите на Хидробиолошкиот завод.“ – изјави Устијана Речкоска-Шикоска, проректор на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид.

Инвентаризација на флората и фауната на Охридското Езеро, формирање на современи бази на податоци кои Хидробиолошкиот Институт ги нема, се само дел од проектните цели и можности за соработка, кои ќе се од големо значење за двете институции, вели Орхидеја Тасевска, директорка на ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид.

„Радосна сум што нашето долгогодишно пријателство прерасна и во нешто повисоко, професионална, соработка која се надевам дека ќе трае. Морам да нагласам дека токму она што нас како Институт ни недостигаше, еден дел посветен на информатичка технологија која ние ја немаме за жал во нашиот инстиут, се надевам дека ќе биде надополнета со активностите и проектите поддржани од страна на УИНТ „Свети Апостол Павле“– изјави директорката на ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид.

Активното учество на студентите во реализицијата на заедничките проекти со Хидробиолошкиот институт е неминовно, вели Речкоска. Инаку, Хидробиолошкиот институт спаѓа во редот на најстарите научни установи, формиран уште во далечната 1935 година како единствена научна установа од ваков вид на поширокиот Балкански простор.