Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата
Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата, посебно во тоалетите. Тие како негативаен пример го посочија средното економско училиште. Директорот на ова училиште вели дека има повеќе причини зошто состојбата е таква.
Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата се толку мали што речиси и да не останува за оваа намена. Тој додава дека надоместуваат со пари од општината за да купат средства за хигиена и тврди дека секој први во месецот се набавуваат вакви средства.
Рилкоски потенцира дека се соочуваат и со уште еден проблем. Тоа е што недостасува персонал, конкретно хигиеничари кои би можеле да ја одржуваат хигиената на потребното ниво.
Тој кажува дека во сите образовни институции во градов, а тука спаѓаат основните и средните училишта како и градинките и основното музичко училиште редовно се врши дезинфекција и дератизација бидејќи тоа е и нивна законска обврска. Конкретно во економското училиште и во гимназиската зграда пред две недели се извршиле вакви зафати. Рилкоски ветува дека во иднина уште повеќе ќе се води сметка за хигиената во училиштата, но апелира до учениците и тие да бидат поодговорни пред се за сопственото здравје, а со своето однесување да придонесуваат за што почисти училишта.
{loadposition content9}