Горно коњско
Холанѓанец излетал од патот со трактор
Двајца холандски туристи се тешко повредени, откако со возило трактор удриле во дрво, па возилото се превртело.
На 11.08.2022 година во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во охридското село Горно Коњско, излетало возило Т3 трактор, при што повредени се две лица.
Од извршениот увид, констатирано е дека возачот У.В.Ј.(25) од Холандија, изгубил контрола, удрил во дрво по што, возилото се превртело. Возачот и сопатникот В.Ј.М(22), од Холандија, со возило на Итната медицинска помош, се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им се констатирани тешки телесни повреди – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


