Skip to main content

Хорот Хауард Госпел со роденденски концерт за Охридско лето

Хорот Хауард Госпел со роденденски концерт за Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
rodenden

torta za rodendenНа антички театар хорот Хауард Госпел вечерва  ќе го одбележи  4 август  роденденот на Охридско лето. На јубилејното 55 издание на Фестивалот за прв пат ќе се изведува ваков вид на музика, напоменува музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска која за вечерашниот избор верува дека ќе биде незаборавен  како и сите досегашни музички гостувања на исполнители на фестивалскиот роденден.


„Оваа година на наше огромно задоволство, а со благодарност на Американската амбасада во РМ имаме чест со нас да бидат Хауард Госпел Хорот од САД. Вечерва ќе направат  уникатен уметнички универзален концерт за паметење со оглед што во фестивалската содржина нер сме имале ваков хор со Госпел музика. Во нивниот репертоар тие негуваат традиционална и современа Госпел мзуика, а многу често во нивната компилација се среќава темата за Исус Христос и христијанството“, напоменува Јосифоска Неделковска.  

gospelХауард Госпел Хорот е академски хор основан во 1968 година. Составен е од сегашни и поранешни студенти од Хаурдскиот Универзитет. На  нивниот репертоар се наоѓаат композиции покрај Госпел музиката  и црковни химни, како и црнечка духовна музика.


„ Благодарност за поканата. Хауард универзитетот е еден од најреномираните универзитети за црнци во Америка. Сакаме да живееме според моделот„ Вистина и услуга“. Секаде каде што одиме вклучувајќи ја и  Македонија сакаме  да го презентираме она што го имаме, а  тоа е Госпел музиката“, истакна претседателот на хорот Брендон Кокси.

Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкулоска  досегашниот тек на Охридско лето пак , го оценува како мошне успешен. Секоја вечер беше со различна програма , сите настани сме сигруни дека долго ќе се паметат, кажа при тоа Јанкулоска.

„Полека ама сигурно проектот Охридско лето  може  да се пофалиме дека фестивалските настани беа многу посетени од страна на публиката со што спојот на културата,  културното наследство и туризмот покажаа дека може да бидат многу добра  основа за заеднички проекти на фестивалот, градот и туризмот“, посочи Јанкулоска.  

Над 10.000 посетители досега ги виделе  30-те  прикажани музички и театарски настани на Фестивалската програма, напоменува Јанкулоска. Додава дека покрај домашните медиуми годинава манифестацијата ја следат и голем број странски новинари и медиуми. Тие  пишувајќи за Охридско лето го промовираат и градот и туризмот во државата, истакна Јанкулоска.