Хортикултурното уредување на новата пешачка патека-мета на несовесни граѓани
Само што се посадија, дрвцата на новата пешачка патека која ја гради локалната-мета на вандали
Младите новопосадени дрвца кои треба да ја красат новата модерна пешачка патека која се гради од Центарот за обука на вода накај Горица прва, не успеаа да преживеат ниту неколку дена.Најверојатно синоќа истите биле мета на несовесни граѓани кои ги искршиле гранките на овие дрва. Случајни минувачи зад камерите коментираат дека дури и кога се случува нешто добро за градот не може да помине без некој ваков несовесен чин. Оваа пешачка патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка и велосипедска патека, а доколку успее да одолее на нападите на несовесните граѓани, на средината ќе биде и холтикултурно уредена. Инаку, токму за партерното и хортикултурното уредување на оваа патека ќе бидат вложени скоро 7 милиони денари.