Skip to main content

Развој на туристичко стопанство

Хотам бара засебно министерство за туризам

ХОТАМ против новата реформа на државната администрација која предлага фузирање на Агенцијата за туризам заедно со други агенции именувана како Агенција за поддршка на претриемништво. Експертите сметаат дека овој предлог е уназадување, предлагаат формирање на Национална туристичка организација или засебно министерство за туризам по теркот на останатите земји од регионот.
 |  инфодеск  | 
Св Јован Канео

Новата реформа на државната администрација предлага фузирање на Агенцијата за туризам со повеќе агенции, именувана како Агенција за поддршка на претриемништво, под капа на Министерството за економија.

Според туристичките експерти ова е избрзано и несодветено решение, кое ќе значи уназадување. Неопходно е формирање на Национална туристичка организација или засебно министерство за туризам по теркот на останатите земји од регионот.

Само на таков начин ќе има развој на туризмот, формирање на туристичка инспекција и полиција, кои ќе го регулираат пазарот, што е и клучен предлог во Стратегијата за туризам.

Се бараше Агенцијата да стане Национална туристичка организација со посебни ингеренции под која што ќе треба да биде туристичката инспекција и туристичката полиција дополнително истата да има и неколку канцеларии под нејзино управување се со цел да овозможиме уште поголема промоција, уште поголема поддршка на секторот – вели Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

охридско крајбрежје кај пристаниште

Хотелската асоцијација смета дека е неопходно формирање на засебно министерство за туризам кое ќе делува во интерес на развојот на туристичкото стопанство.

Треба да се има едно министерство за туризам кое ќе работи и делува посебно и така би се решавале повеќето проблеми кои стално нели кои ги споменуваме од типот на усогласување, туристичка полиција и друго што ни фали во туризмот кои би биле во надлежност на тоа министерство – вели Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Град Охрид

Туристичкото стопанство е столб на економијата, од АППТ најавија интензивирање на средбите со сите засегнати страни за разгледување на новата предложена систематизација.

Новинар : Соња Рилковска