Skip to main content

Целиот персонал го користи знаковниот јазик

Хотел Далјан единствен за инклузивен туризам

Хотелот Далјан на брегот на Охридското езеро, во соственост на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица е единствениот во земјава кој нуди инклузивен туризам. Половина од вработените се лица со инвалидитет, а работен јазик им е знаковниот. Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната патека, туку комплетна хотелската услуга, за лицата со инвалидитет да се почуствуваат еднакви.
 |  инфодеск  | 
Хотел Далјан

Хотелот „Далјан” во Охрид, во сопственост на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија е мост помеѓу светот на звуците и тишината. Половина од вработените се глуви лица, распоредени на нетипични позиции за лица со ваков инвалидитет. Ги има кувари, хаусмајстори, градинари и собарки.

Хотел Далјан

Тие се единственото место во земјава, кои нудат инклузивна услуга за лицата со попреченост и каде за комуникација целиот персонал го користи знаковниот јазик.

Од четворица вработени во кујната тројца се глуви лица, хаусмајсторот е глуво лице, исто така и собарицата. Целиот хотел е прилагоден на таа попреченост да во процесот на работење не претставува никаков проблем нивната глувост. И нешто што е многу специфично за нашиот хотел е тоа што работен јазик на кој што сите зборуваме ни е знаковниот јазик – истакна Славица Стефаноска, директорка на хотелот.

Хотел Далјан

Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната патека, туку комплетната хотелска услуга, за лицата со инвалидитет да се почувствуваат еднакви. А воедно клучна е и работната интеграција на инвалидизираните лица.

Персоналот да биде обучен да даде една инклузивна услуга за секоја попреченост посебно. Има една угостителска услуга на пример послужување на ручек за гостин со глувост, за слеп гостин или за гостин со телесна попреченост. Тоа се многу различни работи – додава Стефаноска.

Хотел Далјан

Одмаралиштето функционира како самоодржливо социјално претпријатие во сопственост на невладина инвалидска организација. Најчести гости скоро 80 отсто, се глуви лица, понатаму слепи и лица со телесен инвалидитет, кои тука се чуствуваат еднакви со сите. Земјава мора да работи на подигнување на општествената свест и интеграција на лицата со попреченост.

Хотел Далјан
Хотел Далјан

Новинар : Соња Рилковска