Skip to main content

Хотел Даљан на праг на сезоната со старите рани

Хотел Даљан со старите проблеми на прагот од летната сезона. Ова прекрасно недопрено парче природа треба добро да се уреди и да прерасне во шеталиште за да можат жителите од Даљан тука да доаѓаат на прошетка наместо кај Билјанини извори, вели директорката на хотелот Славица Стефаноска.

 |  Николоска Биљана  | 
hotel daljan
хотел далјан

Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. slavicaНа излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата во овој дел од градот е страшна.

„Навистина е многу тешко да се работи во таква околина и услови и бараме од Локалната Самоуправа рамноправен третман на овој дел од градот со делот од Билјанини извори. Таму нон стоп се случува нешто а ние 40 години откако постоиме сеуште војуваме за една сијалица. Имаме две живини сијалици од кои што ако едната свети другата не. На праг е туристичката сезона се надевам дека нашата Локална самоуправа ќе има разбирање и ќе покаже почит кон овие лица“ – вели Стефаноска.

Стефаноска вели дека вработените во хотелот и гостите меѓу кои има лица со оштетен слух и вид се изложени на опасност по нивните животи додека се движат на коловоз поради немање тротоар, на неосветлена улица. Хотелот е финансиски немоќен да ја подобри ваквата состојба а тоа и не е во наша надлежност , додава Стефаноска.
hotel daljan Градоначалникот Никола Бакрачески признава дека хотелот Даљан се соочува со низа проблеми. Тој појасни дека минатата година имале расчистување на вегетацијата во тој дел на градот бидејќи факт било дека истита  го попречувале движењето на возилата и пешаците на таа делница помеѓу стариот пат Охрид Струга и хотелот Даљан.

„Јас претпоставуваме дека во Секторот за комнален развој и сообраќај е предвиден еден таков зафат, во моментов заедно со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Градски гробишта“ кои се оспособени за изградба на пешачки патеки и тротоари интензивно работиме во многу делови од градот и претпоставувам дека во програмата на Секторот за комунален развој ќе го предвидат и овој проект односно патеката или тротоарот на улицата од стариот пат која води до хотел Даљан за кое што сметам дека е навистина потребна за луѓето кои го користат ова одморалиште“– истакна Бакрачески.

А што се однесува на осветлувањето на овој потег Бакрачески најави дека во завршна фаза бил изборот за најдобар понудувач за замена на уличното осветлување во целиот град, што како точка треба да се донесе на наредната седница, па така би се надминал и тој проблем.

{loadposition content9}