Skip to main content

Хотелиерите ги подготвуваат нивните предлози за работа по завршување на епидемијата со Ковид 19

Подготвуваат прв сет на протокли за работа со кои ќе ги заштитат и вработениот персонал и гостите. Потоа ќе следуваат вториот пакет мерки на предложени протоколи за работа кои ќе ги опфатат користењето на базените, спа центрите и организацијата на разни свечености во хотелите.

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите работат на подготвки на детални предлог мерки за работа по спласнување на епидемијата на коронавирусот. Мерките опфаќаат многу детали почнувајќи од влезот во хотелско-туристичките обејкти, па се до служење на храната. Предлозите ќе се однесуваат за заштита и на персоналот и на госите веднаш по олабување на забраните кои се применуваат во моментов, информира Крсте Блажески претседател на ХОТАМ. Има доста измени со кои ќе треба да се занимаваме во следните месеци и во сезоната со домашните гости по стивнување на епидемијата.


„Мислиме и на нашите вработени. Не дај боже некој вработен да заболи па сите ќе треба да одат во карантин и ќе останеме без вработени па до детал се размислува како тоа да се реши. Ќе се работи по смени на подолг период, одредени вработени да одат на смени и да не се гледаат едни со други. Дезинфекција при влез, рецепција, влез во соби и во ресторан, носење маска и ракавици при користење на шведска маса и дезинфекција на масите и приборот, “ набројува дел од предлозите Блажески.

Решенија се бараат за заштита на гостите од ресторанскиот дел и ќе има бројни измени. Остануваат предлозите за одржување дистанца на масите од метар и половина, во холовите да нема собирање на поголеми групи. Новите правила ќе бидат запишани некаде за гостите да ги знаат. По првиот сет мерки ќе следува вторите решенија за работа кои ќе ги опфатат користењето на базените, спа центрите и организацијата на разни свечености во хотелите. инфромира Блажески.

„Базените во првиот сет мерки не се опфатени ќе видиме што ќе може да се направи за да се дополни во вториот пакет мерки. Се зборува многу и за свадбите па ќе ги оставиме за вториот сет видиме како ќе функционира по првиот сет на мерки дали ќе иам нови заболувања или не “, кажува Блажески.

Мерките за заштита и безбедност за работа на хотелско туристчките објекти ќе бидат доставени до Владата за два дена , а ќе треба да се вградат во протоколите за работа. Хотелиерите очекуваат да почнат со работа за околу две седмици веднаш по стивнување на епидемијата.