Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки
Помошта за домашниот туризам ќе значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани и дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра за да одмараат во домашните туристички дестинации.Од Хотам апелираат сите да ги почитуваат дадените здравствените препораки во спротивно се паѓа во вода.
Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани резервации и голема неизвесност како ќе се работи во оваа сеозна. Хотелиерите гледаат спас и помош во третиот сет на владините мерки, информира Крсте Блажески, претседател на организацијата на хотелиери ХОТАМ.
„Сме задоволни. На оваа криза која никогаш никој не можел да очекува дека хотелите неколку месеци ќе се на нула приходи ова е добра инјекција за следните месеци. Надеж за сезоната во јули и август иако нема да имаме гости од странство, но ќе се надополнат со домашни гости.Тоа го очекувавме и сме благодарни за ваквата мерка што се донесе. Во број од 100.000 илјади ваучери кој би биле по 4,5 или7 ноќевања во зависнсот од улсугата тоа е 500.000 ноќевања кои не се занемарливи.Тоа е добра бројка за да се исполнат подобар дел на вилите и хотелите во охридско – струшкиот регион и пошироко“, напоменува Блажески.
Хотелиерите сега го очекуваат датумот кога ќе може да ги пречекаат и гостите. Доставиле предлози за протоколи во работата, некои се разгледуват многу детално во насока на што поголем степен на безбедност за сите, но Блажески апелира сите да ги почитуваат дадените здравствените препораки во спротивно се паѓа во вода.
„Гледам во последно време многу е се раздвижено, гужви по парковите, по плажите и бројот на заболени не се смалува. Среќна околност е ако дојдеме под 10 заболени на ден и да гоодржиме една недела и да може да кажеме дека сме во фаза да се однесуваме со сетот мерки и нема да има проширување. Со вакво однесување датат ќе се пролонгира датата на отворање и сите стоиме во очекување што побрзо да отворат хотелите. Но, не значи дека сега сите да навалиме и да се направи поопасно и да се затвори цела сезона“,кажува Блажески.
За спасување на домашната туристичка сезона, лето 2020, покрај сетот на владини мерки и Агенцита за подршка и промоција на туризмот започна кампања „Дома си е Дома“. Според податоците на Агенцијата и кога немаше пандемија со Ковид 19, минатата година, бројките покажуваат дека 38 отсто од вкупниот број туристи во земјава биле домашни. Тие оствариле 1,6 милиони ноќевања или 51 отсто од реализираните ноќевања во земјава.