Хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа и Владата
За зголемување на бројот на туристите на охридско- струшката ривиера хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа. Нивните барања ги доставиле до владата и охридскиот градоначалник. Со локалната самоуправа договориле заеднички настап на Белградскиот туристички саем кој треба да се одржи во февруари.
Краткорочни и долгорочни барања испорачале охридско – струшките хотелиери до локалната и централните власти. Досегашните резулатити во туристичката гранка покажуваат дека има потреба од менување и следење на потребите на гостите, напоменува Крсте Блажески претседател на Хотам.
На последната средба која хотелиерите ја имале со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски му ги презентирале проблемите на кои треба да се работи за да се зголемат приходите во стопанската гранка како што е туризмот. Крсте Блажески претсдателот на ХОТАМ наведува еден дел од тие барања.
„ Изградба на нови хотели, подобрување на инфраструктурата , развој на бродскиот сообраќај. Изградба на пристаниште и марина на Охридското езеро за да се привлече друг тип на гости за зголемување на ноќевањата и гостите кои сите ги посакуваме“, набројува дел од посакуваните промени
Хотелиерите разговарале и учество на саемските манифестации каде што треба д асе продваат туристичките аранжмани. Во изминативе години беше пракса секој хотел сам да учетсвува и да се претстави посебно на Белградскиот туристички саем.
Сега се надеваме дека повторно ќе сме заедно со Локалната самоуправа за да ги претставиме заедничките понуди на Охрид , а тука како пакет мислам и на Струга, вели Блажески.
„ Сега тој трошок ќе го споделуваме заедно со ЛС . Да направиме стратегија како на Саемската манифестација да поканиме добри туроператори и заеднички да го направиме тој настан“, напоменува Блажески.
Kрсте Блажески додава дека досегашните резултати во туризмот покажуваат дека има потреба од продолжување на туристичката сезона на 12 месеци. Во насока на искористување на вакум периодот во зимските месеци, покрај испорачаните барања до властите, има потреба и од подобрување на хотелските услуги како што е изградба на СПА центри во повеќето хотелски капацитети на охридско – струшката ривиера, вели Блажески.