Хотелите на езерското крајбрежје распродадени
Најбројни во Охрид за дочек на Нова година ќе бидат гостите од Бугарија и Србија, а во многу помал број има и домашни. За католичкиот Божик пак на охридското крајбрежје ќе празнуваат Грците.
Целосно исполнети се сместувачките капацитети во поголемите хотелски комплекси на охридско струшкото крајбрежје. Гостите кои ќе одмараат во нашиот Охрид и Струга се претежно од соседството. Најбројни се гостите од Бугарија и Србија, велат директорите на хотелите.
Генералниот директор, Анета Бар, од хотелот Инекс Олгица кажува дека се исполнети сите расположлви капацитетите со гости од Бугарија и Србија и помал број на македонски гости. Аранжманите се закупени претежно за три дена, а за Божик има најави за одмор на грчки гости. Гостите за дочекот на Нова година ќе ги забавува реномираната битолска група Тајфа.
Во хотелот Силекс за Новогодишните празници ќе престојуваат бугари , но има и домашни гости, информира Тоше Чочороски, директор на хотелот. Додава дека за катлочки Божик сеуште имаат слободни места. Од Силекс за нивните гости ветуваат добра забава за дочек на нова година покрај базен, а полноќната забава продолжува со диџеи и коктели.
Хотел Гранит, на 20 дена од дочекот на Нова година е исполент со 50 проценти од расположливите капацитети. Срби и Бугари се нивните гости кои закупиле претежно тродневни аранжмани. Во нивниот хотел за забавата е задолжена групата Доминанта и група танчарки.
Со тродневни аранжмани на база на полупансион се исполнети капацитетите во хотелот Милениум Палас. Во него ќе престојуваат претежно гости од соседството.
Сместувачкиот капацитет од 485 легла во Хотел Дрим се целосно резервирани за гостите од Србија и Грција, кои традиционално првиот ден од новата 2020 година ќе го дочекаат на плажа со Ручек со лебедите.
Во хотелите Метропол, Белви и Турист се продадени сите легла , како и сместувачките капацитети во хотелот на Фершпед во Маврово. Станува збор за претежно тродневни аранжмани закупени од Бугари , Срби и Македонци, а за каталичикиот Божик аранжамните се закупени од грчки туристи. Хотелите оваа година ќе ја заокружат со 93.000 остварени ноќевања што е рекордна бројка во 4 децениското постоење.
Од она што го напоменуваат охридско-струшките хотелиери цените на аранжманите се непроменети како и во минатата години, а се повеќе се менува навиката на домашните гости кои навреме прават резервации во хотелските капацитети не чекајки го последниот момент или народски кажано пет минути до дванаесет.