Skip to main content

Охридско струшка ривиера

Хотелите за празниците резервирани до 50%

Хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се очекува да бидат исполнети до околу 50%. Поради светската криза, интересот за патување е преполовен.
 |  инфодеск  | 
Св Јован Канео

За време на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ќе бидат исполнети околу 50%.  

За разлика од годините пред пандемијата кога се бараше место повеќе, поради светската економска криза и инфлацијата, интересот кај гостите е преполовен.

охридско крајбрежје кај пристаниште

Најбројни ќе бидат туристите од регионот, од земјите во соседството Бугарија, Грција, Црна Гора, Албанија и Србија.

На жалост не можеме да се пофалиме дека исполнетоста ни е на некое ниво како во 2017/2019. Во моментов се бориме да стигнеме некаде до 50% исполнетост на хотелските капацитети во тие периоди – вели Крсте Блажески, претседател на хотелската асоцијација Хотам.

охридско езеро

Празничните патувања во криза се луксуз. Според ХОТАМ домашниот буџет не дозволува да се патува при зголемени цени на транспортот, сместувањето и услугите.

Пореметување големо има на цените, самиот транспорт да стигнат до овде тие гости чини повеќе, услугите се малку исто поскапени од минатите години и самата војна допринесува до размислување на туристите дали да отпатуваат на некоја дестинација или да седат дома – вели Блажески.

Охрид канео

Засега нема најава за значителен број организирани групи од странство, со летовите на Визер на  Охридскиот аеродром се очекува наплив на печалбарите.

Новинар : Соња Рилковска