Skip to main content

Национално здружение Храбро Срце

„Храбро срце” бара да започне трансплантација на срце кај лицата со механичка пумпа

Пациентите со вградена  механичка циркулаторна потпора, со години  чекаат трансплантација , но доколку се најде соодветен донор, државата треба да обезбеди владин авион за да се донесат  стручни лица од странство, кои ќе ја изведат операцијата.
 |  инфодеск  | 
Храбро срце

Да започне трансплантација на срце кај пациентите со механичка пумпа. Со оваа порака  Националното здружение „Храбро срце” денеска го одбележува  денот на органодарителството. Пациентите со вградена  механичка циркулаторна потпора, со години  чекаат трансплантација , но доколку се најде соодветен донор, државата треба да обезбеди владин авион за да се донесат  стручни лица од странство, кои ќе ја изведат операцијата.

Со години добиваат само ветувања, а досега не е извршена ниту една ваква  трансплантација во земјава.

„Тоа е возможно со ставање во функција на владиниот авион бидејки за трансплантација имаме време само три-четири часа а за толку кусо време од Словенија, германија или Хрватска би можело да пристигне доктор само со авион. А таква можност може да ни пружи владата со кои што имаме разговарано со членови на владата”, вели претседателот на НЗ „Храбро срце” Васко Јолески.

Пред неколку години беа 25 пациенти со механичка пумпа, но бројот се намалува, денес останаа десетина. Во Охрид и Струга има две лица,  едниот на 38 годинишна а другиот на 31 годишна возраст,  и дваjцата  четири години чекаат ваков оперативен зафат.

„Времето истекува, овие уреди никако не може да се претстават како што сакаат да ни ги претстават како трајна дестинација. Може да се трајна дестинација за лица кои навршиле 65 години и кај кои трансплантација е невозможна а за помлади луѓе во светот веќе е практика прво да се постави пумпа мост до трансплантација а потоа се оди на трансплантација”, додава Јолески.

Врзани со механичка пумпа 24 часа, овие луѓе се  комплетно зависни од  напојување, батериите, каблите и струјата, им  значат живот. Тие се секојдневно изложени на ваков животозагрозувачки ризик, а единствената надеж им е трансплантација на срце.

Новинар Соња Рилковска