Храната е поскапена но сепак нема да изостанат традиционалните јадења на велигденската трпеза
Раздвиженост во маркетите, зелените пазари и месарите. Граѓаните се подготвуваат и за богата велигденска трпеза околу која ќе се собере семејството. Велат дека храната е поскапена но сепак нема да изостанат традиционалните јадења.

На Велики петок православните христијани се подготвуваат за најголемиот празниик Велигден. Радосната вест за Христовото воскресение верниците годинава ќе може да ја дочекаат и во црквоните храмови, како што и било традиција од памти век, со исклучок на пандемијата.
Домаќинките традиционално подготвуваат богата празнична трпеза. Се месат козињаци, се прават кифлички, разни салати, торти, но неизбежно е јагнешко месо со компир,
-Јагнешко месо, таратур козињаци колачиња вапсани јајца. Се пто е најубаво да спремиме. Бидејки имаме внучиња правиме и шарени јајциња ги декорираме“, вели една охриѓанка.
-Деновиве јагнешко зедовме,компир торта ке направам , козињак спремам. Децава на ручек ке ми дојдат, вели една охриѓанка.
-Јајца ќе вапсам, козињак ќе направам можеби и тоа е тоа, вели трета охриѓанка. .
-Ќе има прасе печење, јагнешко обавезно и се што треба. Не викаме голем број на луѓе, вели еден охриѓанец.
-Традиционално како што сме правеле во минатото, јагнешко јајца се Младите разни јајца ние само црвени вапцуваме , вели постара жена.
– Имаме свинско домашно тоа е ние двајца луѓе сме децата ни се во странство.
Охриѓани се пожалија на високите цени на месото и прехрамбените производи. Велат голем дел од верниците празникот ќе го минат скромно.
-Па јагнешкото го купив 360 денари килограм, вели една охриѓанка.
–Цените се многу скапи нема вредност парата никаква вредност нема 1000 денари е нула, а пензиите ни се 15 000, вели еден граѓанин.
-Сиромашно како да се подготвуваме цените се поскапени. Малце мевце економично како ти е тоа е се е поскапено многу , вели една повозрасна охриганка
-Од се помалку ама сктомно малку месо салати јајца , вели повозрасна жена.
Некои од граѓаните велат на полноќ ќе одат во црква, а други заради пандемијата сепак ќе останат дома со семејството.
-Дома и во природа, шетање пешачење во природа.
-В црква и од црква дома, среќни празници на сите да поможат.
-Во домашен амбиент бидејки имам гости .
Граѓаните и овој Велигден со иста желба, што поскро да заврши пандемијата и да се врати животот во нормала.
Latest Охрид
