Skip to main content

Хранливи колачи и печива креираат студентите од ФТУ

Хранливи  колачи и печива креираат студентите од  ФТУ.

 |  Валентина Неловска  | 
studenti
studenti

Високо енергетски бомбици, интегрални грисини, погачици од хелда  и колачи за дијабетичари се 4 -те нови прозиводи кои ги креираа студентите од ФТУ, од насоката гастрономија, диетика и исхрана. Производите се изработени по сопствена рецептура и се наменти за неколку целни групи, како што се дијабетичари или луѓе алергични на глутен. Во проектот се вклучени 20 -тина студенти од повеќе насоки на ФТУ. Студентите изработиле и флаер „Водич за здрав живот“. Задоволни се што се вклучени во проектот и од добиената можност да  промовираат вкусна и исклучително здрава храна.
energetski bombici
Производите се подготвуваат во кујната на ФТУ. Во подготовката се применуваат исклучително здрави состојки  како што се сируп од агава, брусница, кокосов путер, гоџо бобинки, брашно од хелда, јачмен, интегрално брашно, напоменува Проф. д-р Ангела Василеска која го води овој проект.  Направивме  погачки од  хелдино брашно кое нема  глутен, а се наменети за луѓе алергични на оваа состојка во брашното, појаснува Василеска.

„ Исклучително се гордеам со хелдините погачки затоа што и требаат на хотелската индистрија. Во овој момент ниеден хотел не нуди храна за луѓе имаат алергија на глутен. Често слушаме за овој проблем, но персоналот во кујната ретко знае што е глутен и како да се справи  со овој проблем“.

pogackiЗдравите производи ќе бидат наменети за мало продажба и за хотелската индустрија, а за таа цел е формирана е компанија насловена како slow&grow. Изработено е и лого на компанијата преку која производите ќе се пласираат на пазарот. Студентите спровеле маркетиншко истражување што недостасува на пазарот, изработиле сопствен  бизнис план и  формирале цена на прозиводите. Нивните производи ќе бидат конкурентни на пазарот со производителите на здрава храна.

Од овие производи  во Центарот за јавно здравје веќе се испратени примероци за кои се очекуваат резултати од хранливите вредности.

Во ФТУ, веќе од септември, планираат формирање на Центар за едукација и тренинг од  повеќе работилници. Проширување на прозиводството со специјални производи, слаткарство и пекарство, сервирање и гастрономски арт дизајн и сомелиерство. 

{loadposition content9}