Христос се роди. Вистина се роди
Светите храмови во градов беа преполни со верници уште од раните утрински часови. Главната свечена литургија се одржа во црквата Св. Ѓорѓи каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Меѓу верниците во црквата Св. Ѓорѓи беше и претседателот на РМ Стево Пендароски кој заедно со своето семејство во Охрид ги поминува овие празнични денови.
Христос се роди. Вистина се роди. Од денес православните христијани ќе се поздравуваат со овај поздрав, славејќи го со тоа раѓањето на Исус Христос, Божик. Светите храмови во градов беа преполни со верници уште од раните утрински часови. Главната свечена литургија се одржа во црквата Св. Ѓорѓи каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Дворот на црквата беше претесен да ги собере сите верници кои дошле да се помолат за здравје, среќа и благосостојба.
Меѓу верниците во црквата Св. Ѓорѓи беше и претседателот на РМ Стево Пендароски кој заедно со своето семејство во Охрид ги поминува овие празнични денови.
Сакам на сите православни верници и граѓани на нашата земја да им го честитам овај голем ден, еден од најголемите во христијанството, денот на Христовото раѓање. Сакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства, во мир спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме и на почетокот на една нова година би сакал на сите граѓани да им посакам една поспокојна, поберикетна, поубава година од оваа штоп ја напуштаме, рече претседателот на РМ, Стево Пендароски.
Пендароски кажа дека како и сите христијански верници го прославиле Бадник, а секако неизоставен дел од трпезата било лепчето со паричката. Најсреќен годинава бил токму тој па паричката паднала кај него.