Skip to main content

Празнична хуманост

Хумана акција на Младинската организација при ОЕМУЦ

Учениците од ноември, изработуваа накит за да обезбедат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.
 |  инфодеск  | 
ОЕМУЦ Хуманитарна

Локалната младинска организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ уште еднаш ја покажа својата општествено-одговорна работа помагајќи онаму каде што е најпотребно. Хуманоста не се кажува, таа се докажува.

Ученици членови на Локалната младинска организација од ноември, изработуваа накит и го продаваа по симболична цена за да се соберат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.

„Убаво е чувството кога ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, онаму каде што ќе успееме да измамиме детска невина насмевка. Учениците беа на висина на поставената задача!Огромно БРАВО за сите ученици кои се дел од Младинската, за сите колеги кои помогнаа во продажбата на изработките, а мене ми е особена чест што сум координаторка на оваа значајна асоцијација во рамките на нашето училиште. “ – вели професорката Ирина Ралева Најдевска.

Новогодишните пакетчиња им се веќе подарени на децата од „Тајните на Моето Срце“.