Skip to main content

Средствата од хуманитарниот турнир во футсал наменети за лекување на охриѓанката Бојана, здруженијата Ретко е да си редок и Деца со дијабет

Градоначалникот упати апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни.
 |  инфодеск  | 

ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој се организира втора година по ред.

Од аконтација за учество се собраа средства во износ од 144 000 денари. Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба. 80 000 денари се донираат кај нашта сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување се потребни повисок износ.”– објави градоначалникот Кирил Пецаков.

Градоначалникот упати апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни.

30 000 денари од собраните средства се донираат на Здружението „Ретко е да си редок“ и 30 000 денари се донираат на Здружението на деца со дијабет, посочи Пецаков.