Хуманитарен концерт за малечката Елиза
На шест месечната Елиза потребна и е нашата помош. Хуманите охриѓани утревечер ќе имаат можност со издвоена скромна сума од 100 денари да ја проследат втората фестивалска вечер на „Канео фест“ и со тоа да му помогнат на ова бебенце да ја добие хируршката интервенција која му е неопходна.
Хуманитарен концерт за малечката Елиза. Во рамките на „Канео фест“, младите охриѓани Антонио Малчески и Александар Трифуноски, втората вечер на фестивалот ја резервираа за хуманитарен концерт. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за шест месечната Елиза на која треба да и се направи хируршка интервенција на окото за да прогледа, открива Антонио Малчески, техничкиот директор на фестивалот
„Утре ќе се случува хуманитарниот концерт кој ќе започне во 21 часот ќе настапуваат побвеќе охридски звезди со охридски бенд и мислам дека ќе биде забавно и интересно “. Првично средствата беа наменети за децата без родители, но излезе дека треба да одат за Елиза “.
Малчески очекува голем одѕив од охриѓани, упатува апел за масовност, бидејќи смета дека препораката на Црвениот Крст од Охрид за намена на средствата, ќе одат во вистински раце.
На Долни Сарај денес со забрзано темпо се работеше на поставување на сцената за „Канео фест“. Организаторите не сакаа да ги откријат деталите за изгледот на истата, туку сакаа тоа да биде изненадување за сите посетители.
{loadposition content9}