Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти
Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19 часот, Влезницата е 50 денари.
Утре учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид организираат хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош за социјално загрозените семејства на матуранти.
–Ве покануваме да бидете дел од овој настан исполнет со музика, младешка енергија и хуманост. Секој купен билет е поддршка за оние на кои им е најпотребно, велат од училиштето.
Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19 часот, Влезницата е 50 денари.


