Во недела на 9-ти април со почеток во 19 часот во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи хуманитарен настан „Сите за Бојан“.
Ќе настапат Balkan Jam, Drum & Scratch RootBoy & Aleksandar, Ѓоко Танески & The Band, Студио за танц „Бах“ и Стенд ап комичарот и актер Бојан Велевски.
Картата ќе чини 150 денари, а ќе биде поставена и кутија со донации.