Skip to main content

Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“

Ветераните и сегашните сили на ракометниот клуб „Охрид 2011“ ќе одиграат ревијален натпревар.

 |  Мишел Наумоски  | 
rakomet plakata
ракомет плаката

Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади.

humanitaren rakometen natprevarНа овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб  „Охрид 2011“.

„Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат еден ревијален натпревар. Натпреварот ќе се одржи во недела, 9ти Декември, со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини извори.“-рече Филип Јовановски-претставник на Општина Охрид

Во организацијата на овој ревијален натпревар свое учество имаат и луѓето од Црвениот крст од Охрид, кои ќе бидат задолжени за продажбата на влезниците за натпреварот.

RK Ohrid 2011„Сите средства кои што ќе се соберат од продажбата на влезниците, а влезниците чинат само 30 денари, ќе бидат наменети за набавка на спортски реквизити за детските градинки во Охрид, а дел од средствата за Центарот „Зраци“ кој што го посетуваат деца со посебни потреби. Тие за жал не можат да спортуваат, но ќе можат да го следат спортот преку еден телевизор кој што се надеваме дека ќе собереме средства да им го купиме и наместиме таму.“-вели претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.

А вистински спектакл најавуваат ракометарите од сегашната постава на „Охрид 2011“.

„Како што се грижиме за иднината, така се грижиме и за минатото, и овој ракометен натпревар нека биде поттик за еден понатамошен развој, не само во ракометот туку и во останатите спортови и уште еднаш ги поканувам сите вљубеници, катата е со симболична цена од 30 денари, но целта е голема.“-изјави Кирил Пецаков од ракометниот клуб „Охрид 2011“.

Инаку за овој ревијален, хуманитарен натпревар во продажба се пуштени 2500 билети кои ќе ги продаваат волонтерите од Црвен крст, па ако сте љубители на ракомет и сакате да помагате, тогаш недела, 17 часот, спортска сала „Атина Бојаџи“. Бидете таму!

{loadposition content9}