Skip to main content

Пакети за помош на загрозени семејства

Хуманитарна акција на Црвен крст и Тамаро

Во рамки на хуманитарната акција ќе се поделат бројни пакети со намирници за семејствата на кои тоа им е најпотребно.
 |  инфодеск  | 
Акција Тамаро

Црвен крст Охрид, во соработка со охридските Тамаро маркети спроведе акција за донирање на пакети за помош на загрозени семејства од Охрид во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.

Акцијата е дел од поголемата кампања „Секој има право на најсреќен Велигден со Тамаро“, во рамките на која ќе се поделат бројни пакети со намирници за семејствата на кои тоа им е најпотребно.

Да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. На сите охриѓани постојано им подаруваме најниски цени за купување, а за сите на кои им е најпотребно, сега и можност да го прослават празникот како што доликува – потенцираат од Тамаро маркетите.