Хуманитарна собирна акција „Слатка среќа“ под мотото „Направете магијата да стане реалност, бидете дел од среќата на едно дете“ организираат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Собирната акција трае до 26-ти декември, а кутиите за донации се поставени на влезот од охриската гимназија.
Слатка среќа! Хуманитарна акција на младинската организација од нашата гимназија – напишаа од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на официјалната фесбук страница.