Skip to main content

Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци

Цели пет години Ротаракт Клубот од Охрид преку различни активности го докажува своето постоење. Оваа година тие за Божиќните празници започнаа нова хумана мисија, организираа хуманитарна акција за помош на нашите сограѓани кои имаат потреба од средства за лекување.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци. На градскиот плоштад претставници Ротаракт клубот делеа вино и сирење. Тие од оваа година започнуваат нова хуманитарна мисија, односно да се донира средства за оние на кои им е најпотребна помош, појаснува Весна Цветаноска.

„Целта на денешната акција е во духот на големиот Христијански празник Божиќ да донираме средства за нашата сограѓанка Јана Арсовска која што треба да го продолжи нејзиниот медицински третман во Германија. Ги повикуваме хуманите граѓани да донираат бидејќи тоа е целта и смислата на овој голем христијански празник, да докажеме сите онолку колку што можеме дека кај секој од нас постои добрина и топлина“

Цветаноска вели дека охриѓани секогаш биле хумани и знаеле тоа да го изразат, па точно заради тоа денешнава собирна акција која се организира по повод Божиќните празници сакаат да прерасне во уште една хумана традиција