Тамаро и Црвен крст – Охрид со хуманитарна акција за донација на храна

По повод Неделата на борба против гладот, маркетите „Тамаро“ во соработка со Црвениот крст – Охрид ја започнаа хуманитарната акција под мотото „Помислете и на нас“, со цел да се собере храна и прехранбени производи за оние на кои им се најпотребни.
Акцијата ќе трае од 16 до 22 октомври, а во пет маркети на „Тамаро“ се поставени корпи за донации во близина на касите, каде граѓаните ќе можат да остават храна и основни прехранбени намирници.
Донации ќе може да се оставаат во следните маркети:
- „Тамаро 5“ – Туристичка
- „Тамаро 6“ – Фабрика „Братство“
- „Тамаро 7“ – АСНОМ – Писта
- „Тамаро 12“ – „Стив Наумов“
- „Тамаро 16“ – ТЦ „Трудбеник“
Од „Тамаро“ посочуваат дека како општествено одговорна компанија, заедно со Црвениот крст – Охрид, се посветени на поддршката на најранливите категории граѓани и поттикнувањето на солидарноста во заедницата.
Со оваа иницијатива, граѓаните добиваат можност преку едноставен гест да помогнат во обезбедувањето храна за оние на кои им е најпотребна.
Организаторите упатуваат благодарност до сите граѓани кои ќе се вклучат во акцијата и ќе придонесат за нејзината успешна реализација.




