Хуманитарна акција, топли оброци
Повеќе од 80 топли оброци ќе припремат учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ наменети за социјално ранливи граѓани од Охрид. Иницијативата е на ученичката заедница од ова училиште а ќе се реализира како заедничка хуманитарна акција со волонтери од Црвениот Крст Охрид во рамки на месецот на дарување „ Радосен декември“.
„Уште еднаш сакам да повторам што оваа акција е на иницијатива на учениците кои што преку ученичката заедница сакаа да им се помогне на овие ранливи категории. Оброците ќе содржат комплетен топол оброк со десерт ќе бидат квалитетно припремени во хигиенски услови од страна на учениците во кабнитетите за практична настава под покровителство и и менторство на професорите во регионалниот центар Ванчо Питошески.“, вели Марјан Радески директор на училиштето Ванчо Питошески.
Сашо Точков, претседателот на охридскиот Црвен Крст ги повика и угостителските објекти во градот да се приклучат на оваа хуманитарна акција која ќе трае од 20ти до 23 декември.
„Она што е битно што сакам да нагласам да ги охрабрам и да ги повикам угостителските објекти, хотели, ресторани во Охрид коишто можат да се приклучат на оваа акција ќе трае од 20 до 23 декември кој колку може да приготви соодветен топол оброк, да биде соодветно спакован, ние ке дојдме и ќе го однесеме онаму каде што навистина е најпотребно.“, истакнува Сашо Точков.
Ваквиот тип на хуманитарни акции се прави со цел и овие категории граѓани да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници и да бидат почестени со еден убав оброк, велат од Црвениот Крст Охрид и најавуваат нови предновогодиншни хуманитарни активности во рамки на месецот на дарување „Радосен декември“.