Skip to main content

Црвен крст охрид

Хуманитарна продажна акција во сабота кај Чинарот

Црвен Крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп во сабота организираат голема хуманитарна продажна акција која ќе се одржи на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарна продажна акција

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид во соработка со компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп ќе организира хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија. Акцијата ќе се реализира на 21.05.2022 (сабота) на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар).

Во периодот од 9-17 ч. ќе бидат изложени надалеку познатите производи на компанијата „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.

Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид, како и на бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град. Ве очекуваме на дружење, забава и хуманост – велат од ОО Црвен Крст Охрид.