Skip to main content

Недела на солидарност

Хуманитарна собирна акција

Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства кои ќе бидат наменети за социјално ранливите категории, како и бегалците од Украина.
 |  инфодеск  | 
Недела солидарност

Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 18-24 април 2022 год., под мотото „Вашиот прилог, значајна помош“ со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, како и бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град.

Од Црвен крст апелираат, а воедно и ги повикуваат нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со:
-донирање на материјални добра-прехрамбени проиводи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. Димитар Влахов бр.52
-донирање на парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за “Недела на солидарност”
-со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620
-со електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст

Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници. Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна – велат од Црвен крст Охрид.