Хуманитарна собирна акција
Втора година по ред како претставниците на невладината организација Македонски темплари се одѕваа на повикот на Охридската организација на Црвениот крст, а по повод Неделата на солидарност. Донираа 30 пакети со прехрамбени производи за социјално загрозените граѓани од Охрид и Дебрца.
„Втора година по ред нашата организација одговара на повикот на Црвениот крст за хуманитарната собирна акција по повод Неделата на солидарност, со 30 пакети за територијата на Општините Охрид и Дебрца. Ги повикуваме сите организации, граѓани и фирми, бидејќи на тој начин се покажува големината на еден човек“, – вели Елена Ристеска, – претставник на НВО Македонски темплари Командерија „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Од организацијата на Црвениот Крст од Охрид велат дека добредојдена е буквално секаква помош. После пандемијата од ковид 19 и светската економска криза, се намали бројот на вакви хуманитарни акции , но зрак светлина се хуманите граѓани и општествено одговорните компании од регионов заедно со Организацијата на Црвениот Крст, кои се тука секогаш кога е потребна помош, вели Ранко Раткушиноски – психолог О.О.Црвен Крст Охрид.
„Апелирам до сите хумани граѓани и организации коишто се во можност да помогнат исто, со помош за социјално загрозените граѓани на Охрид.„Буквално е се потребно. Ние како Црвен Крст секојдневно ги опслужуваме во рамки на нашите можности, со храна, облека, средства за хигиена, секојдневно опслужуваме одреден број граѓани кои ни се обраќаат за помош и ја добиваат од наша страна.„Има потреба и од лекови и од медицински услуги. Имавме неколку транспорти на пациенти, договарање за медицински услуги и зафати“, – потенцира Ранко Раткушиноски – психолог О.О.Црвен Крст Охрид.
Според базата на податоци со која располага Општинската организација на Црвенииот Крст од Охрид, шестотини семејства на територијата на општините Охрид и Дебрца живеат на работ на сиромаштија и имаат потреба од помош секојдневно.