Skip to main content

Црвен крст охрид

Хуманитарна свирка денес на Градскиот плоштад

Ги покануваме сите хумани граѓани да се придружат, да се забавуваат и заедно да придонесат кон подобрување на условите за живот на ова семејство, велат од Црвен Крст Охрид.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарна свирка

Денеска со почеток во 14 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи хуманитарна свирка, во рамки на ЦКА – ПХВ циклусот за 2023 година една од групите која работи на социјален проект.

ПХВ ( Промоција на хумани вредности) е национална програма што се спроведува повеќе од 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање на ранливите категории на население во заедницата, намалување на дискриминација и одржување на екологијата, односно да дејствува на сите сфери во општеството.

Групата која ја организира свирката има за цел да обезбеди финансиски средства за помош на 9-члено социјално загрозено семејство кое живее во лоши услови. Ги покануваме сите хумани граѓани да се придружат, да се забавуваат и заедно да придонесат кон подобрување на условите за живот на ова семејство – велат од Црвен Крст Охрид.