Skip to main content

Вечерва хуманитарна забава за помош на Петар во Irish Pub Dublin

Luger, No Fun, The Backdoor Band, 3Vox и Ѓоко Танески ќе настапат на забавата посветена на Петар и неговата борба.
 |  инфодеск  | 

Вечерва од 21:00 часот ќе се одржи хуманитарна забава во охридскиот Irish Pub Dublin за помош на Петар кој има потреба од хируршка интервенција во Турција.

Ве покануваме на голема хуманитарна забава во Irish Pub Dublin, посветена на Петар и неговата борба. Сите заедно да создадеме весела атмосфера и да собереме средства за поддршка на Петар. Голема благодарност до сите вклучени во овој проект: Luger, No Fun, The Backdoor Band, 3Vox и Ѓоко Танески, порачуваат органзиаторите.

„Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Потребни се уште околу 20 илјади, а ние финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин, односно со донации. Затоа ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар.“ – апелира Гордана Попоска, мајката на Петар.

Сите кои се во можност можат да донираат и на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143460

Телеком 143 128