Волонтерите од Клуб на млади во соработка со младинската заедница од СОСУ “Св. Кирил и Методиј” поддржани од Здружението за ретки болести активно се вклучуваат и во овогодишната кампања за поддршка на оваа група на лица.
За да се соберат финасиски средства за поддршка на лицата со ретки болести, Клуб на млади -Црвен Крст Охрид во соработка со младинската заедница од СОСУ “Св. Кирил и Методиј” организираат хуманитарна забава со музички таленти од охридските средни училишта.
Хуманитарната забава ќе се одржи во четврток, 29.2.2024 во Shilla – coffee & & bar со почеток во 20 часот, а влезницата ќе чини 100 ден.
„Ве очекуваме сите да донираме, да се забавуваме и да бидеме хумани. Доколку некој сака се пријави за настапување со група, може слободно да ни се обрати преку порака. “ – велат организаторите.