Skip to main content

Црвен крст охрид

Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски во соработка со Црвен крст, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст

Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока опстествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.

Настанот ќе се реализира денес, 12.04.2023 г., во 12 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид.