Skip to main content

Општина охрид

Хуманитарни паркинзи во центарот на градот

Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.
 |  инфодеск  | 
Улица кеј Македонија

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели.

Во насока на поддршка на нашите сограѓани на кои тоа им е најпотребно, воведуваме зона за хуманитарни паркинзи – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официцијалниот фејсбук профил.

Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.

За почеток е предвидено две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а планирано е во иднина хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот. Носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор. Охрид отсекогаш бил хуман град, а наша цел е да продолжиме да го развиваме во таа насока – потенцираше градоначалникот Пецаков.