СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј” Охрид информираат дека испраќаат донации за настраданите лица во пожарот во Кочани, за кобниот настан што зеде толку души.
-Донациите вклучуваат завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др. Сѐ со цел да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение.
Донацијата беше испратена до ЈЗУ „8-ми Септември“ каде се згрижени дел од лицата кои настрадаа во пожарот.


