Skip to main content

Започна хуманитарната акција „Отворено срце“

Во текот на овој месец ќе се собира стара хартија и пластика, а со средствата од нивната продажба ќе се купи возило за децата со посебни потреби. На таков начин тие ќе можат да излезат надвор од својот град и да ги видат убавините на нашата земја.

 |  Јаковлева Лионела  | 
logo
лого

Преку продажба на стара хартија и пластика, до ново возило за децата со посебни потеби. Оваа акција ќе се спроведува во текот на месец декември под мотото „Отворено срце“. Во неа се вклучени сите основни и средни училишта, како и градинките во Општина Охрид. Сашо Алчев, директорот на ЈП Комуналец и еден од организаторите на оваа акција вели дека се е подготвено за нејзино успешно реализирање.komisija

Возилото кое ќе се набави со собраните средства ќе им служи на децата со посебни потреби за прошетки во и надвор од градов. За неговото одржување ќе се грижи Локалната, која ќе набавува и гориво, а ќе обезбеди и свој возач.

Градоначалникот Александар Петрески вели дека доколку средствата кои ќе бидат собрани од акцијата не се доволни за негова набавка, Локалната ќе надомести од сопствениот буџет.

Инаку, во оваа акција се вклучени ЈП „Комуналец“, Локалната самоуправа, Отпад, основните и средните училишта, градинките, Ротари клубот и Лајонс клубот „Лихнидос“, а се очекува поддршка и учество и од граѓаните. Акцијата завршува на 26 декември кога во 12 часот ќе се одржи хуманитарен концерт кога ќе се прогласи и училиштето со најголемо срце. Овој епитет ќе го добие според висината на средствата кои ќе ги собере од продажбата на стара хартија и пластика.

{loadposition content9}