Skip to main content

ухмр

И денес времето променливо облачно со врнежи од дожд

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 7 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Облачно Охрид Форо Симјаноски

Денес времето ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 7 степени Целзиусови.