Skip to main content

Ученички парламент на ООУ „Григор Прличев“

„И ние можеме…“ – Ученичка иницијатива за безбедно и креативно училишно катче

Учениците ООУ „Григор Прличев“ со иницијатива за побезбедно утре
 |  инфодеск  | 

Ученичкиот парламент на ООУ „Григор Прличев“ информира за нивната нова ученичка иницијатива за побезбедна училишна средина „И ние можеме…“.

Имено, ученичката иницијатива „И ние можеме…“ се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонски центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада „Меѓаши“ и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детска фондација Песталоци.

-Целта на иницијативата „И ние можеме…“ е создавање ученичко катче во училишниот двор – безбеден и креативен простор за едукација, размена на идеи и личен развој, во позитивна и поддржувачка училишна средина. Ве повикуваме да се приклучите и да нè поддржите во реализацијата на активностите. Заедно можеме да придонесеме за поубава, поинклузивна и побезбедна училишна средина, порачуваат од Ученичкиот парламент.