Skip to main content

Хотелско угостителски сектор

И оваа сезона Хрватска ќе го земе стручниот кадар од земјава

И оваа сезона стручниот кадар од хотелско угостителскиот сектор ќе замине на работа во Хрватска. Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на готвачи, салатери и келнери, кои масовно заминуваат странство, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар. Причина за заминувањето на сезонска работа прво се двојно или тројно повиските плати, а потоа и подобрите услови за работа.
 |  инфодеск  | 
Град Охрид

И оваа сезона Хрватска ќе го „собере” стручниот кадар од хотелско угостителскиот сектор. Јадранското море е дестинација број еден каде квалификуваната работна сила од земјава изминативе неколку сезони добро заработува.

Охрид и Струга се соочуваат со недостиг на готвачи, салатери и келнери, кои масовно заминуваат во странство, а угостителите во туристичките центри остануваат без обучениот кадар.

Мислам дека секој гледа поголема егзистенција за некој напредок во угостителството. Така што младите се повеќе ја избираат Хрватска. Од Балканот, Хрватска во летно време дава највисока плата – вели Никола Петрески, кувар од Струга кој работи во Хрватска.

Причина за заминувањето на сезонска работа прво се двојно или тројно повиските плати, а потоа и подобрите услови за работа. Готвач во Хрватска може да заработи и 2000 евра за еден месец.

Освен плата обезбедуваат оброци во склоп на работата и сместување. Здравствено и пензиско осигурување. Младите студенти што се тука сакаат повеќе да се едуцираат – додава Петрески.

Потенцијалните работници не сакаат да работат во земјава заради ниските плати кои им се нудат, сезоналноста на работата и немањето слободни денови и годишен одмор. Хотелско угостителскиот сектор на брегот на Охридското езеро е најпогоден од недостигот на стручен кадар во туризмот.

Новинар : Соња Рилковска