И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици
Со амин од градскиот совет и оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Надлежните објаснуваат дека доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Ова е доволна причина за Локалната да направи сериозна стратегија како ќе го надмине ваквиот проблем
И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината.
За да не се случи конфликт помеѓу законодавецот, директорите на школите и стручните служби кои работата во образовниот процес ние како совет мора да донесиме одлука со која ќе добриме формирање паралелки и со помалку ученици од предвиденото, вели Ангел Јанев, заменик градоначалник.
Во Општина Охрид има осум основни училишта и три средни. Состојбата со намален број на ученици е најалармантна во Средното угостителско училиште и и тоа во класовите за келнери или кувари. Имено во прва година учат 10 готвачи и 8 келнери кои се распоредени во две паралелки. Со помалку од 24 деца паралелки има и во средното училиште ЕМУЦ Св. „Наум Охридски“. Ништо подобра не е ситуацијата и во основното училиште Св. „Климент
Во Охрид според податоците кои јас ги имам нема намалување на бројот на учениците, но нема ниту зголемување. Поради кембриџ програмата до минатата година во прво одделение можеа да се запишуваат и ученици под 6 и пол години, а од годинава бидејќи се укинува ова програма се запишуваат со 7 год. Па бројката на ученици во прво одделение очекуваме да се стабилизира, вели Јанев.
Проблем со мал број ученици има и во подрачните основни училишта во Елшани , Коњско, Рача, Трпејца. А најдрастични примери за мал број ученици во паралелките има во Косел, Лескоец, Вапила, Куратица. Овие показатели се доволна причина за Локалната да седне и да направи сериозна стратегија како ќе го надмине ваквиот проблем.