И покрај иницијативи и ветувања Југозападниот регион без Дом за стари лица
Во целиот Југозападен регион нема ниту еден Дом за стари лица. Пред речиси една деценија струшките пензионери, поддржани од сите пензионерски здруженија во регионот поднесоа иницијатива за изградба на достоинствен Дом за стари лица.
Велат, луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите,евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.
„Жално е што доаѓаат овде и викаат еве ви ја пензијата згрижете не. Децата ни заминаа, нема како да живееме.ние. А сакаме и Тв, сакаме и штампа и се што сака денешниот човек, За жал ние креваме раменици“, вели Милорад Трпоски претседател на Здружението на пензионери од Струга.
Во минатото имало два објекти изградени од ПИОМ за потребите на пензионерите, но наместо да станат старечки домови, денес со нив стопанисуваат приватни лица.
„Старечките домови во Струга изградени во свое време за згрижување на пензионерите во Струга, останаа само пуста желба. Од два домови нема ниеден наменет за пензионерите. 0317 Тие старечки домови се откупени однсно продадени на приватни лица“ додава Трпоски.
Струшките пензионери, 5 200 на број , бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери да преземат мерки за што поскоро регионот да добие Дом за стари лица.
Новинар Соња Рилковска